речник контакт

Волци изеле магаре во селото Р`левци, селаните стравуваат за стоката

Ваков настан не помнат ниту ловџиите

Петар Печков

Пред десеттина дена во велешкото село Р`левци глутница волци изеле магаре.  Настанот го потврдија мештаните во селото. Тие стравуваат да не се повтори.

Магарето било врзано во дворот. Ноќта се симнала глутница волци, и тие го изеле животинчето, кое им служеше на домаќините за полјоделски работи. Утрото видовме само глава од магарето, се друго беше изедено, до коска. Многу жална слика беше. Чувме стока во селото, може пак да дојдат и да во повторат крвавиот пир  - велат селаните. 

Велешки ловџии велат дека не помнат вакво настан одамна. Пред три-четири години кога во селото Ветерско глутница волци изеле 50 овци. Оттогаш се немало слично нешто повторено. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »